Осум причини зошто на вашиот бизнис му е потребна професионална веб страница!
Како и многу други сопственици на мали и средни компании, можеби сметате дека нема да имате голема корист од тоа да имате сопствена веб страница или пак дека тоа претставува непотребен трошок на вашиот буџет, или пак сметате дека вашите потенцијални клиенти не користат компјутер или интернет. Овие заклучоци се сосема погрешни. Ние ќе ви наведеме осум причини зошто на вашата компанија и е потребна професионална веб страница, без разлика колку е голем вашиот бизнис.
1. Вашиот мал бизнис ќе се стекне со поголем кредибилитет
Денес, се повеќе и повеќе луѓе го користат интернетот со цел да пребаруваат производи или услуги кои им се потребни. Вашиот мал бизнис ќе се стекне поголем кредибилитет со ваша веб страница. Без веб страница, потенцијалните клиенти можеби ќе пронајдат некој од вашите конкуренти кои поседува своја веб страница. Ако веќе имате веб страница, но таа е стара и неприлагодена на новите дизајни и стандарди (на пр. дизајн кој се отвора на мобилни телефони и таблети), со професионално редизајнирање со промена кон помодерен дизајн ќе го претставите вашиот бизнис професионално, со што ќе ги инспирирате постоечките и потенцијалните клиенти повеќе да ви веруваат. За мали домашни бизниси без продавница или канцеларија, ова е особено важно бидејќи можете да ги промовирате вашите производи или услуги.
2. Веб страницата ви заштедува пари
Како сопственик на мал бизнис кој веројатно сметате дека не можете да си дозволите професионални веб страница. Иако цените за дизајнирање на веб страната е различна, кога ќе се изработи ќе ве чини помеѓу 350 и 550 евра во зависност од барањата, што ви всушност ќе чини околу 35-45 евра месечно, за првата година, а бидејќи следната година не плаќате повторно за веб страницата туку само за хостингот и доменот, ќе ве чини не повеќе од 5 евра месечно. Ако оваа сума ја споредите со цената за да објавите ваша реклама во некој весник или списание, разликата е огромна во споредба со цената за изработка на веб страната. Замислите до колку потенцијални купувачи можете да допрете со професионална веб страница, а тоа е многу ефикасна начин да се промовира вашиот бизнис. Затоа заклучокот е дека не смеете да НЕ СИ ДОЗВОЛИТЕ ваша веб страница.
3. Веб страницата ќе ви овозможи вашите клиенти да бидат секогаш навремено информирани
Помислете на вашата веб страница како ваша онлајн брошура или каталог. Таа е многу полесно и побрзо може да се ажурира со нови информации за вашите производи и услуги отколку преку печатени материјали, што претставува ефикасен начин за информирање на вашите клиенти за нови производи, специјални промоции, или за било какви нови услуги кои ќе се понудат на пазарот. За разлика од печатените реклами, кои брзо застаруваат, вашата веб страница може да обезбеди секогаш нови и свежи информации.
4. Секогаш е достапна
Вашата веб страница секогаш ќе биде достапна за вашите редовни и потенцијални клиенти и 24 часа/365 дена ќе ви обезбеди промоција на вашите производи и услуги и кога вашата продавница или канцеларија е затворена. Со денешниот брз начин на живот, и потребата за добивање на брзи информации ќе ви овозможи секогаш да сте во игра за да ве одберат ВАС.
5. Веб страницата ви овозможува да се претставите пред огромен пазар
Без разлика дали нудите производи или услуги, вашата веб страница ќе обезбеди алтернативна локација за да ги продавате. Веб страницата е одлично место за да ги продавате вашите производи на поширокиот пазар. Вашите производи и услуги можат да бидат достапни на глобално ниво. Мислите дека нема да бидете во можност да ги продадат вашите производи или услуги на интернет? Не заборавајте, дури и автомобили и куќи се продадат на интернет!
6. Страницата претставува медиум на кој можете да го промовирате својот бизнис
Без разлика на тоа во каков тип на бизнис сте, веб страната е одлично место за да ја покажете својата работа. Со вклучување на портфолио или галерија, како и сведоштва на вашата работа, можете да го покаже она што го прави вашиот бизнис уникатен.
7. Веб страницата ви заштедува време и пари
Веб страницата ќе им обезбеди информации на вашите клиенти во најбрз рок. Со онлајн каталог може да обезбедите многу информации за вашите производи и услуги. Откако вашата страница е готова, таа е на располагање на вашите клиенти на неограничено време, а со тоа на вас ви заштедува време во објаснувања, телефонски разговори, испраќање на факсови и електронска пошта и сл. А како што добро знаете, времето е пари!
8. Го подобрува односот со клиентите
Со вклучување на страница секција „Најчесто поставувани прашања“, додавање на статии или билтенот со одговори на сите прашања на вашите клиенти, ти секогаш ќе бидат навремено информирани и задоволни. Не постои подобар начин да им се обезбеди навремена услуга на клиентите со тоа што ќе споделите најнови информации на вашата страна.
Се надеваме дека ве натеравме да размислите за неопходноста на веб страниците во денешно време, и дека се одлучивте или барем размислувате и да изработите веб страница за вашиот бизнис.