domain name 1

Како да го изберете името (доменот) на Вашата веб страница.

Изборот  на домен за Вашата веб страница е сличен на изборот на име за компанија и бара многу размислување и разгледување. Вашиот домен е вашиот идентитет на интернет и мора да бидете сигурни дека го избирате името кое не само што одговара на вашиот бизнис, туку и лесно може  да се пронајде и да се промовира. Следете ги овие чекори кои можат да ви помогнат да го изберете Вашиот совршениот  домен.

domain name 2

1. Треба да е лесен за пишување

Треба да најдете домен, кој ќе биде лесен за пишување  бидејќи тоа има клучно значење за онлајн успехот. Ако користите жаргон или пак бројки за замена на повеќе букви, може да дојде до  забуна и вашите клиенти потешко да ја пронаоѓаат вашата веб страница.

2. Треба да  е краток

Ако вашиот домен е премногу долг и комплексн, ризикувате вашите клиенти и потенцијални посетители погрешно да го разберат или погрешно да го напишат. Што е пократко тоа и е подобро…

3. Користете клучни зборови

Обидете се да користите клучни зборови кои ќе го опишат вашиот бизнис, вашите услуги или вашата понуда на пазарот.  Вметнете ги клучните зборови со кој потенцијалните клиенти би можеле да ве најдат додека пребаруваат на интернет. Тоа помага за подобрување на рангирање на страницата кај интернет пребарувачите (што значи и повеќе сообраќај и посети на вашата страница).

4. Таргетирајте ја вашата околина

Ако сте локален бизнис, би било добро во името да го вклучите и името на локацијата (областа, градот и сл.) во која се наоѓате.

domain name main

5. Избегнувајте бројки и цртички

Бројките и цртичките некогаш може погрешно да се разберат, на пример ако во името се користи бројот 5 тогаш може кога некој го пишува името во интернет пребарувачот да напише  на место  5  „пет“, или погрешно да се напише или да се  заборави да се напише цртичка на одредено место во името.

6. Бидете лесни за паметење

Има милиони регистрирани домени, па така ако имате домен име кое не се заборава и е лесно за паметење е многу важно. Така кога ќе го смислете името споделете го со своите најблиски и пријателите, за да ви потврдат дека е добро, лесно за паметење и дека има смисла.

Targeted Customer in Marketing Pyramid

7. Истражувајте

Осигурете се дека името што сте го избрале не е заштитена марка,  дека нема авторски права врз него  или пак не се користи од друга компанија.  Ако ова не го проверите може да ви донесе непотребни компликации и може да ве чини многу пари.

8. Користете соодветни екстензии на доменот.

Екстензиите претставуваат суфикси на крајот од името како на пример .COM или .NET. Тие имаа специјална употреба за конкретни веб страни. Ако избирате домен за бизнис тогаш изберете го .COM, бидејќи тој е најсоодветен а и најпопуларен. Има и други екстензии кои може да се користат, како на пример:

.co : за компании или комерцијални работи;

.info : за информациони сајтови;

.net : технички, интернет инфраструктура;

.org : не профитни, и страници на организации;

.biz : бизнис или комерцијални и економски сајтови;

.me : блогови, резимеа, или лични сајтови.

И многу други…

9.  Делувајте брзо

Домените се продаваат многу брзо. За среќа не се многу скапи, па така ако најдете соодветен домен што ви одговара и не е зафатен, регистрирајте го што побрзо можете, пред некој друг да ви го зафати.

Па со среќа во изборот на вашиот домен, и секако побрзајте!